Младо момче повредено во автобус во Скопје, откако возачот закочил, момчето паднало на подот и се повредило.

„На 13.10.2020 во 16.30 часот било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, во автобус „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(59) од Скопје, при сопирање, патникот Б.А.(22) од Скопје паднал на подот од автобусот и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.“соопштуваат од полициа.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.