Фондот за стипендии „Проф. Д-р Љубе Миленковски“ позитивно го прифати барањето на Заменикот народен правобранител Проф. Д-р Јован Андоновски кој беше иницијатор за да се подаде рака до секој талентиран студент кој заслужува сто процентна стипендија на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.

На свеченото доделување кое се организираше во просториите на УТМС, стипендиите беа доделени од страна на Ректорот Проф. Д-р Аце Миленковски каде тој ја поздрави иницијативата на Заменикот народен правобранител и ги охрабри сите политичари, бизнисмени и луѓе од влијателните позиции да се потрудат да дејствуваат со цел за поголем развој во образованието и науката.

Проф. Д-р Јован Андоновски истакна дека преку ова стипендирање, покажуваат дека постојат повеќе начини со кои што би им се помогнало на младите за усовршување на нивното образование и задржување на истите во државата. Андоновски пренесе дека ваквите активности се од исклучителна важност за подигнување на нивото и квалитетот на образовен кадар кој ќе придонесе за подобра иднина.

УТМС на вчерашната церемонија дополнително додели и по 15 стипендии од секоја општина во Македонија за додипломски и последипломски студии на повеќе факултети, како што се: Факултет за информатика, Факултет за менаџмент на човечки ресурси, Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултет за туризам, како и Економски факултет.