Новинската агенција Centar.mk за личност на 2022-ра година го избра младиот Македон Димитриевски.

Младиот Македон е вистинско чудо од дете. Се работи за ученик во Основното училиште Лирија во Тетово кој има само седум години, а решава математички задачи од втора година средно. Младиот генијалец се здоби со медал по математика во конкуренција со 4.000 ученици од целиот свет. Младиот Македон зборува течно англиски, а учи грчки, германски и кинески јазик..