Вчера 10.20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди бил донесен Т.М.(22) од Скопје, соопшти полицијата.

Како што информираат институциите според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачје на Гази Баба – Скопје. Увид бил извршен, а за настанот бил известен трудов инспектор.