Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, денеска на дебата на телевизија 24 рече дека однесувањето на ВМОР-ДПМНЕ во време на криза, и за време на пандемијата и сега за време на глобалната енергетска криза и кризата во Украина е крајно неодговрно и деструктивно.

-ВМРО-ДПМНЕ шири намерна паника кај граѓаните, вчера лажни тврдеа дека нема пченица, денеска шират паника дека нема гориво. Тоа е срамно и неодговорно. Додека го блокираат Собранието и спречуваат закони кои се од интерес на граѓаните, рече Митрески.