Полицијата соопшти дека во текот на вчерашниот ден околу 11.30 часот во СВР Битола е пријавено дека на место викано „Долно Садово“, атар на село Беровци, прилепско, во близина на железничката пруга Прилеп-Битола, бил пронајден машки труп.

Од полицијата известуваат дека за случајот е известен Јавен обвинител, кој заедно со увидна екипа од СВР Битола извршиле увид на местото на настанот. Дадена е наредба за телото да биде предадено за обдукција, соопшти МВР.