Бугарската „БНТ“ вечерва информираше дека е разрешена мистеријата околу несовпаѓањето меѓу списокот на повредени во несреќата и списокот на учесници во патувањето на македонската туристичка компанија.

Според телевизијата, грешката настанала во болницата „Пирогов“.

Имено, Шади Науф ал Салех се јавил во редакцијата и објаснил дека нема никаква врска со несреќата.

Тој е бугарски државјанин, а во саботата бил примен на трауматолошкиот оддел на Пирогов поради скршеница на раката. Излегува дека во клиниката по грешка го внеле во списокот со повредени од автопатот Струма. Салех веќе е отпуштен од болницата, пишува „БНТ“.