Соопштение на Министерство за транспорт и врски:

Министерството за транспорт и врски остро реагира на информациите објавени од страна на телевизија Телма кои се однесуваат на изградба на Коридорите 8 и 10 д.

Во објавата на нивната веб страна во која стои дека “Министерот Бочварски потврдил дека почнал да тече рокот за плаќање на пенали кон Изведувачот”, најодговорно тврдиме дека се груби невистини и чиста манипулација на јавноста.

Потврдуваме дека министерот Бочварски во својата изјава на која присуствуваа и други национални медиуми, токму на прашање на новинар на телевизија Телма, изјави:

“ Во однос на почетокот на градбата ние веќе информиравме дека 22 април е старт каде што изведувачот започнува со изработка на проекти, на урбанистички на основни проекти, со цел да започне и постапка на експропријација на земјиштито кое што е приватно. Да изврши снимање на теренот, состојбите, постоечката состојба на трасата. Да се види каде има подземни, надземни инсталации кои можеби ќе треба да бидат дислоцирани во текот на самата градба. Да се утврди постапката на геотехнички, геомеханички истражувања бидејќи без такви квалитетни анализи кои што претходат на почетокот на градбата, верувајте ќе имаме големи проблеми и одлагања на понатамошниот тек на градбата и тоа ќе има негативни влијанија врз целиот проект.
Заради тоа чекор по чекор сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите навремено, брзо и ефикасно бидејќи граѓаните повеќе време за губење немаат. Јас верувам и Вие треба да ги прашате граѓаните на Прилеп и на Битола на Тетово, Гостивар Кичево, Струга и Охрид во каква инфраструктура сакаат да патуваат и дали таа треба да ја очекуваат во наредните 15 -20 години или тоа треба да го направиме час поскоро.
Што се однесува до исплатата на средствата, досега не се исплатени средства кон компанијата. Првата исплата на средства би била авансот за отпочнување на градежните работи и секој исплатен денар кој ќе биде од страна на Владата и државата кон ЈПДП а потоа и кон изведувачот и ќе биде објавен на сајтот на јавни финансии.
За прашањето за пеналите го апсолвиравме и одговоривме, а ви кажав дека немаме исплатено ниту средства за авансот се уште. Така што, во однос на ова прашање ви дадов одговор” , изјави министерот Бочварски.

Апелираме, во интерес на јавноста и етичноста на новинарската професија, да се почитува начелото на професионално информирање на јавноста се со цел таа да биде навремено и доследно информирана.