Во врска со обидите на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ да претстави наводен скандал, ја известуваме јавноста дека од 17. Јануари 2022 до 17.март 2022 во мисија се упатени вкупно 33 припадници на Армијата и ниту еден од нив не е вратен. Сите упатени припадници ги исполнуваат условите да бидат упатени во мисија, велат од Министерството за Одбрана.

– Во време на хибридна војна и ширење намерни дезинформации кои имаат за цел да го намалат угледот на Министерството за одбрана и Армијата, ги повикуваме сите општествени чинители да ги проверат фактите и да внимаваат за точноста на информациите добиени од нивните соработници, велат од МО.