Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва соопшти дека поднел оставка од функцијата.

– Последната трагедија во Тетово многу ме погоди. Многу жалам за загинатите, сочуствувам со нивните семејства. Нема зборови кои тоа што можат да го опишат. Денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев.

Филипче им се заблагодари на сите кои го поддржуваа во изминатиот период во борбата со пандемијата.