Денеска, (01.07) во Софија, Република Бугарија во Министерството за внатрешни работи, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски со придружна делегација ќе присуствуваат на билатерална средба со министерот за внатрешни работи Бојко Рашков, по што и двете официјални делегации ќе имаат можност да ги проследат заедничките вежбовни активности на специјалните единици од двете Министерства за внатрешни работи.