Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предводи делегација од Министерството за внатрешни работи, во работна посета на Швајцарската Конфедерација.

Денеска министерот Спасовски ќе оствари работна средба во Берн со неговата колешка, министерката за правда и полиција на Швајцарската Конфедерација, Карин Келер-Сутер, а по повод потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален совет за воспоставување на партнерство за миграција. По потпишувањето на Меморандумот следува изјава од министерот Спасовски за швајцарските медиуми.