Министерот Спасовски на Форум на министри за внатрешни работи на земјите членки на Регионалната иницијатива МАРРИ во Подгорица
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски на Форум на министри за внатрешни работи на земјите членки на Регионалната иницијатива МАРРИ во Подгорица

„Регионот на учесничките на МАРРИ е регион чувствителен по многу прашања – Западен Балкан, дел од Европа, но сè уште не и дел од Европската унија. Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) со својата постојана канцеларија во Скопје постои и фунционира повеќе од 17 години. Години во кои покажавме дека можеме да комуницираме меѓу нас, дека можеме да соработуваме и преку конструктивна дискусија да носиме одлуки корисни за регионот“.
Ова меѓу другото го истакна министерот Оливер Спасовски во своето прво обраќање на денешниот МАРРИ Форум на министрите за внатрешни работи на земјите членки на оваа Регионална иницијатива за миграција, азил и бегалци што се одржа во Подгорица, Црна Гора.

Потенцирајќи дека МАРРИ, бездруго е докажана успешна регионална приказна, успешен регионален проект кој успеа да опстои и покрај многуте премрежја, вклучително и актуелните со пандемијата од Ковид-19, министерот Спасовски нагласи дека Република Северна Македонија останува посветена на оваа иницијатива.
„Нашата посветеност ја темелиме врз фактот дека МАРРИ како регионален субјект и денес му е многу потребен на регионот. Релевантноста на МАРРИ и денес е многу актуелна, бидејќи како основна тема за работа ја има миграцијата која сама по себе е постојана. Не постои друг општествен процес кој има подолга историја, а примерите од последните неколку години, па и тие од периодот на пандемијата, покажаа дека овој процес не може да биде прекинат“, истакна Спасовски.

Со оглед дека Република Северна Македонија и формално го презеде претседавањето со МАРРИ иницијативата во наредниот едногодишен период, министерот Спасовски во своето повторно излагање на Форумот презентираше дел од проектите, идеите и иницијативите што се планираат како битни за време на македонското претседавање.
„Сериозно пристапивме на процесот на осмислување на приоритети на кои би сакале да се фокусираме во текот на нашето претседавање, приоритети на чие спроведување ќе работиме како претседавачи со Иницијативата и кои што претставуваат континуитет на претходните неколку циклуси на претседавања од останатите учеснички. Сметаме дека е многу важно на овој начин да се обезбеди одржливост на идеите преточени во конкретни активности, со што на нашите партнери и донатори им кажуваме дека можат да имаат доверба во МАРРИ, во регионот на Западен Балкан, а со тоа и во секоја од учесничките поединечно“, рече Спасовски.

Притоа тој нагласи дека најголем акцент ќе стави на финализирање на процесот на изготвување нова модерна МАРРИ стратегија за периодот 2021-2024 година, а во насока на демонстрирање капацитет за развивање на среднорочни и долгорочни активности, компатибилни и флексибилни за адаптација на можните предизвици.
Според министерот Спасовски: „Дополнително, имајќи предвид дека во последните неколку години значително е зголемен обемот на работа на претставниците од одделите за азил, предвидовме организирање настани за претставување на најдобрите пракси од аспект на организациска поставеност на овие единици. Ќе го искористиме ова за присуство на претставници кои работат во полето на азилот во релевантни институции од земји членки на Европската Унија, со надеж дека некои од нивните искуства ќе бидат применливи и кај нас. Воедно, предвидовме серија активности посветени на продлабочување на соработката меѓу Регионалниот Центар и членовите на МАРРИ Комитетот и МАРРИ координаторите, како и промоција на активностите до крајните корисници во администрациите на земјите учеснички. Понатаму, во фокус го ставаме и прашањето на соработката на нашиот регион со земјите на потекло на мигрантите кои ги користат илегалните рути за движење низ нашите територии, што е една тема која одамна се провлекува како потреба или горливо прашање на кое треба да му се најде одговор“.

Домаќинот на Форумот, министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Сергеј Секуловиќ, во обраќањето пред присутните истакна: „Предизвиците кои се однесуваат на миграцијата, азилот и расселените лица, имајќи ја предвид глобалната безбедносна ситуација, сигурно нема да бидат помалку актуелни во времето кое доаѓа. Црна Гора е подготвена да ги вложи сите напори за да придонесе за создавање на цврсти политички врски и односи помеѓу соседните држави, како би можела, и на ова важно поле на делување, да биде остварена целта која нѐ приближува до интеграциските вредности и стандарди. Во таа смисла, нашите регионални иницијативи, меѓу кои и МАРРИ, веќе подолго од деценија претставуваат прилика за јакнење на врските и заедничките вредности на патот кон ЕУ“.

Министерот Секуловиќ на крајот упати честитки до министерот Спасовски и Северна Македонија на преземањето на едногодишното претседавање со оваа иницијатива и порача: „Црна Гора секогаш ќе биде подготвена да продолжи со активниот придонес со цел афирмација на регионалната стабилност и забрзување на интегративните процеси“.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Овие 2 знаци ги чека ОГРОМНА ДОБИВКА во април: Се се менува наеднаш, има можности кои не се пропуштаат!

Астрологијата ни открива многу работи, а сега открива и дека овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во наредниот месец. Овен Генерално, оваа година е среќна за Овните, а тие особено ќе ги почувствуваат придобивките на финансиски план. Планетата Јупитер, која владее со среќата и богатството, се наоѓа токму во Овен,... Прочитај повеќе...

Ова се најочигледните знаци дека вашиот мобилен телефон или компјутер се заразени со вирус

Паѓањето на програмите и апликациите е знак дека нешто не е во ред. Постојат неколку знаци кои укажуваат дека вашиот мобилен телефон или компјутер е заразен со вирус или злонамерен софтвер, а во продолжение прочитајте некои од најочигледните.. 1. Бавен уред кој брзо се загрева Во случај вашиот уред да... Прочитај повеќе...

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза за до крајот на неделата – Следува драстична промена на времето

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (локално над 70км/час). Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во вечерните часови ветерот ќе го... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Автомобил со скопски таблички излета од патот, има повредени

Vesti +

МНР: Северна Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

В+

60 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 21 упатени на вонреден технички преглед

Vesti +

Фатен крадец на дело во Скопје, следува соодветна пријава

Vesti +

Ковачевски: Секој денар одговорно го трошиме за да го олесниме животот на граѓаните

В+

Бајдевски: На порталот за е-услуги објавени се 917 услуги, од кои дигитално се завршуваат 227

Vesti +