Министерот Спасовски ги посети повредените полицајци во вчерашниот јавен собир
Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски ги посети повредените полицајци во вчерашниот јавен собир

Утрово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, како и заменик-директорот на БЈБ Ариф Асани, на Клиниката за неврохирургија ги посети полициските службеници кои беа повредени во вчерашниот јавен собир пред Собранието на РСМ.

По посетата министерот Спасовски во изјава за медиумите изрази длабока загриженост што на вчерашните протести се повредени вкупно 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди и информираше дека благодарение на здравствените работници, на сите повредени полициски службеници брзо им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега.

„Синоќа бевме сведоци на еден мрачен настан, кој од јавен собир како неприкосновено демократско право се претвори во вандализам, јавен собир организиран од опозициските партии, на којшто беа брутално нападнати храбри припадници на полицијата, беше посегнато по нивните животии додека си ја вршеа својата професионална должност пред Владата, МНР и пред Собранието. Затоа најостро го осудувам насилството врз полициските службеници, а во свое име и во име на раководството на МВР изразувам длабока почит за храброста и херојството во одбрана на безбедноста на државните институции и од срце им посакувам брзо закрепнување на сите повредени колеги”, потенцираше министерот Спасовски и потсети дека во текот на вечарашната вечер, од страна на демонстрантите беше опустoшен имот, искорнати беа бекатон плочки, сообраќајни знаци од коловозите, железни предмети и делови од клупи од Жена Парк, кои заедно со камења, јајца, молотови коктели, канти за ѓубре и пиротехнички средства, беа фрлани како кон објектите, така и кон полициските службеници кои ги обезбедуваа државните институции.

„За време на вчерашниот протест оштетувања на прозорците и фасадите се пријавени во сите три објекти: Владата, МНР и Собранието на РСМ. Покрај ова, демонстрантите скршија 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетенa е полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило. Тоа не е протест, а никако демонстрирање патриотизам. Тоа е вандализам и одработување за дневно-политичка агенда. Класично насилство врз сопствената држава и нејзините институции”, истакна Спасовски.

Спасовски нагласи и дека за време на протестите од страна на полицијата не биле употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата, односно дека во ниту еден момент не било демонстрирано пречекорување на овластувањата, туку полицијата постапуваше исклучиво во рамки на своите надлежности.

Во врска со овие насилства вчеравечер, Спасовски изјави дека нема ниту еден повреден граѓанин, а од страна на полициските службеници приведени се 11 лица, и нагласи дека напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат.

„Во Република Северна Македонија нема место и нема оправдување за насилство! Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани”, рече министерот Спасовски, при што упати апел до граѓаните да не потпаѓаат под никакви провокации, чија намена, како што изјави Спасовски, очигледно е нечесна и исклучиво водена од мотивите за остварување на политички цели, а организаторите на протестите и граѓаните ги повика да покажат демократски капацитет.

„Повикувам до секој еден – да победи здравиот разум, никогаш повеќе да не ни се повтори 27 април, да не ни се повторат ни вчерашните насилства – сето тоа претставува сериозен удар врз демократијата. Ова раководство на МВР и понатаму посветено ќе работи во насока да изгради полиција која ќе биде во служба на своите граѓани, стожер на нивната безбедност”, подвлече Спасовски, при шти изрази благодарност до граѓаните за поддршката на МВР, како и до медиумите за објективното информирање.

Повеќе од интернетот…

  • Centar.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
ОВА НЕШТО СЕ СЛУЧУВА НА НЕБОТО ДЕНЕС: Подгответе се за тотален ролер костер, ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ кои следат

Денеска е посебен ден во 2023 година, бидејќи астролошки имаме полна месечина во знакот на Стрелец. Таканаречената образ месечина носи големи промени и многу можности да промениме сè во животот што не ни се допаѓа. Се разбира, промената мора да дојде од нас самите, а ѕвездите се тука за да... Прочитај повеќе...

Спасовски: Управувањето со миграциите не значи управување со бројки, туку работа со луѓе

Обраќање на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи: Во континуитет сме посветени и сериозно го сфаќаме прашањето на управување со миграците во нашата земја, поради неколку клучни причини од големо значење – управување со добросостојбата и безбедноста на нашите граѓани и националната инфраструктура. Исто така, обезбедување валидност на нашите договори... Прочитај повеќе...

Спасовски заедно со граѓаните во храмот Света Троица во село Петралица, Крива Паланка, а по повод празникот Педесетница или во народот познат како Духовден, 50 дена од Неговото Воскреснување

Денеска сум заедно со граѓаните во храмот Света Троица во село Петралица, Крива Паланка, а по повод празникот Педесетница или во народот познат како Духовден, 50 дена од Неговото Воскреснување. Духовден го означува спознавањето на човекот со третото лице на Света Троица – Светиот Дух, а со тоа завршува и... Прочитај повеќе...

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители […] The post Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 […] The post Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали. Со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат неодамна излезе […] The post Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Супер вест: Се најавува раст на платите и пензиите во 2023

Vesti +

Приведен малолетник за уцена, барал пари од малолетничка за да не објави компромитирачки материјал

Vesti +

Рамо до рамо со граѓаните на Сарај: Важна е поддршката од САД, време е за обединување околу европскиот пат

Vesti +

МТСП: Обезбедени дополнителни 284,9 милиони денари за нови 1.216 вработувања преку Оперативниот план за вработување

Vesti +

Полнете го телефонот во текот на денот: Овие совети се ЗЛАТО ВРЕДНИ доколку сакате батеријата да ви трае подолго

Vesti +

СДСМ: Зголемено парламентарно мнозинство ќе обезбеди поголема минимална плата и недела неработен ден

В+