Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Министерот Шаќири од Подгорица: Од 1 јули ќе се укинат тарифите за роаминг за граѓаните на 6-те земји од Западен Балкан

Денес, Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, беше дел од состанокот на министри од 6-те земји од Западен Балкан, одговорни за дигиталната трансформација и политиките за информациски и комуникациски технологии, организиран од  Советот за регионална соработка (RCC), “Heading towards Roaming Free Western Balkans”.

,,Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1-ви јули”, рече министерот Шаќири.

Министерот Јетон Шаќири рече дека ова е само почеток, додавајќи: “Важноста на овој договор е исклучително голема и е предуслов да се започне процесот за намалување на трошоците за роаминг и помеѓу 6-те земји од Западен Балкан и земјите од Европската Унија”.

“Меморандумите за 5G, интероперабилност и доверливите услуги, потпишани минатата година во Тирана, ја отворија вратата за изградба на заеднички технички јазик. Ова ќе им овозможи на ИКТ системите ефикасно да комуницираат во регионот, и во иднина исто така со земјите од Европската Унија. Тоа е мал, но важен чекор на патот кон градење дигитално општество засновано на доверба“, рече Шаќири.

Министерот Шаќири најави и продлабочување на соработката меѓу овие земји, инвестиции во мрежа и инфраструктура, така што квалитетот и брзината на комуникацијата ќе се зголемуваат уште повеќе.

„Ние мора да ја искористиме оваа можност и да го забрзаме напредокот кон поврзување на регионот. Ние мора да ги здружиме нашите напори и да работиме преку границите и преку секторите за заедничко зголемување на квалитетот на животот и забрзување на економското закрепнување на регионот “, го заврши својот говор министерот Јетон Шаќири.

 

Повеќе од интернетот…

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
Полицијата ќе пишува казни доколку немате зимска опрема – Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува: ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започната е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате овде. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива... Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата – Се очекува поевтинување

Утре Регулаторната Комисија стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. На светските берзи цените на нафтата повторно паднаа, па сега барел нафта БРЕНТ на лондонската берза се тргува за 83,6 долари, додека WTI круд на американските берзи се тргува за 76 […] The post Нова цена на горивата – Се очекува поевтинување appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Герасимовски: „Работнички“ добива нова спортска сала отворена за сите граѓани и спортски клубови

Vesti +

Претрес во Велес, пронајден пиштол, приведено едно лице

Vesti +

Фрчат казни низ Кочани: 48 санкции за непрописно паркирање

Vesti +

Работна средба на министерот Спасовски со директорoт на Агенцијата за обуки за спроведување на законот на Европската Унија – ЦЕПОЛ , д-р Шредер

Vesti +

Патот Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај – Каква е состојбата на патиштата?

Vesti +

Пронајден хероин и амфетамин во Гевгелија, приведени две лица

Vesti +