Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска отпатува за Рим, Италија поради учество на дводневна Министерска конференција за стареење, во организација на УНЕЦЕ, Постојаната работна група за стареење на УНЕЦЕ и Владата на Италија.

Со годинешната конференција се одбележуваат две децении од усвојувањето на Мадридскиот акциски план за стареење и регионалната стратегија за имплементација. Темата на Конференцијата е „Здружување на силите за солидарност и еднакви можности во текот на целиот живот“. Овие теми ќе бидат адресирани преку перспективи за:

-промоција на активно и здраво стареење во текот на целиот живот;

-обезбедување пристап до долготрајна нега и поддршка за негувателите и семејствата;
-мејнстриминг на стареењето за напредок на општеството за сите возрасти.

Министерката Тренчевска ќе учествува како панелист на сесијата организирана од Владата на Бугарија и Регионалната канцеларија на Фондот за население на ОН (УНФПА) денеска (16 јуни), на тема „Зајакнување на демографската отпортност преку искористување на можностите од стареењето на населението“.

За време на посетата на Рим и во рамки на министерската конференција, планирана е средба меѓу министерката Тренчевска и Директорката на Регионалната канцеларија на Фондот за население на ОН (УНФПА), г-ѓа Џулија Валезе и билетерална средба со Министерката за семејство и социјална заштита на Република Турција, ф-ѓа Дерја Јаник.​