Министерката Шахпаска: Започна со работа првиот Центар за поддршка на згрижувачките семејства во нашата земја, социјалната реформа продолжува
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Министерката Шахпаска: Започна со работа првиот Центар за поддршка на згрижувачките семејства во нашата земја, социјалната реформа продолжува

Започна со работа првиот Центар за поддршка на згрижувачките семејства во нашата земја. Центарот се наоѓа во просториите на поранешниот дом за деца без родителска грижа „11 Октомври“ во центарот на градот. Негото воспоставување е резулат на заложбите на Министерството за труд и социјална политика, кое заедно со социјалните институции и меѓународни партнери од УНИЦЕФ имаат за цел да се зајакне и подобри грижата за децата кои,од различни причини, не можат да живеат со своите семејства.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска изрази големо задоволство по повод неговото отворање , кое како што истакна претставува и слика како едно општество се грижи за најмладите, децата, со посебен акцент на децата без родители и родителска грижа.

„Успехот на едно општество е мерлив преку грижата за граѓаните, особено грижата за децата.

Огромна е придобивката од отворањето на Центарот за поддршка на згрижувачките семејства чија цел е да ги поддржува, да им помага и да ги насочува згрижувачките семејства да обезбедат токму онаква грижа каква што му е потребна на детето сместено кај нив. Стручниот тим од Центарот ќе им дава стручна поддршка, обука, совети и водство за згрижувачките семејства за заеднички да го остварат „најдобриот интерес на детето“, како што предвидува и налага Конвенцијата за правата на детето. Со отворањето на денешниот Центар за поддршка на згрижувачки семејства во Скопје, но и со отворањето на ист ваков центар и во Битола веќе оваа среда, испраќаме порака дека згрижувачките семејства се исклучително важен дел во системот на социјална заштита,“ потенцираше министерката Шахпаска.

Притоа таа ја посочи и не помалку значајна улога на Центарот за поддршка на згрижувачките семејства, промовирање на згрижувањето, односно мотивирање на што поголем број заинтересирани граѓанки и граѓани да станат згрижувачи на деца.

„Денешниот број на згрижувачки семејства во земјава е околу 300 кои згрижуваат околу 500 деца, но ние очекуваме овие бројки и понатаму да се зголемуваат, за да може секое дете кое има потреба од сместување да биде згрижено во семејна средина,“ рече министерката.

Претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција Ди Џовани потенцираше дека ништо не може да ја замени љубовта и поддршката што ја дава семејната средина.

„Кога ќе остане без семејна грижа, детето почнува да страда, а тоа може да има штетни последици по неговиот раст и развој. Токму затоа престојот во згрижувачко семејство, дури и за краток временски период, е најдобриот начин да се обезбеди секое дете да го добие она што секој од нас би го очекувал за своите деца – соодветна грижа, љубов и посветеност“,“ изјави Ди Џовани.

Директорката на Јавната установа „11 Октомври“,Соња Стамевска, информираше дека петнаесетината нововработени стручни лица во Центарот за поддршка на згрижувачките семејства во Скопје ќе работат со повеќе од 180 згрижувачки семејства кои се грижат за околу 390 деца од Скопје, Куманово, Тетово, Велес и повеќе други градови од земјава.

Подобрувањето на системот за згрижување, вклучувајќи го отворањето на новиот центар, Министерството за труд и социјална политика ги спроведуваше во партнерство со УНИЦЕФ и со делумна финансиска помош од Амбасадата на Велика Британија во земјава.

Во текот на неделава се очекува започнувањето со работа и на вториот центар за поддршка на згрижувачките семејства во Битола.

Со воспостаувањето на центарот за поддршка на згрижувачките семејства продолжува трансформацијата на Јавната установа за деца „11 Октомври“, преку која во 2018 година децата сместени во оваа установа, се преселија во мали групни домови, во заедницата.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Каевски: Зголемените инвестициите од членството во НАТО е силен мотив за заложбите кон ЕУ

Со зачленувањето во НАТО заокруживме една од стратешки цели на државата, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во гостувањето во Топ тема. -Веќе имаме затворено едно големо поглавје и сега останува второто поглавје, а тоа е членството во Европската унија. Видовме колку многу придобивки носи членството во НАТО, дава сигурност... Прочитај повеќе...

Груби на средба со Џачка: Интеграцијата во ЕУ е во интерес на државата и граѓаните

Скопје, 27 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес оствари средба со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г-ѓа Олта Џачка која престојува во официјална посета на Скопје. На средбата беа оценети континуираниот политички дијалог... Прочитај повеќе...

Три години Македонија во НАТО – најмоќниот безбедносен сојуз во светот

Денеска се одбележуваат три години од зачленувањето во НАТО, најголемиот и најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Во 2020 македонското собрание го усвои Северноатлантскиот протокол со што беше остварен последниот чекор кон зачленувањето во НАТО. Патот кон зачленувањето на Македонија во НАТО беше тежок и макотрпен. Македонија во 2018-та година мораше... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

Vesti +

Затворен за сообраќај патот Охрид – Ресен преку Галичица – Каква е состојбата на патиштата денеска?

Vesti +

Вучиќ со претседателот на Собранието на Црна Гора: Добрите односи се важни за стабилноста на регионот

Vesti +

Морничавиот Путин го опколија жени и се закани: Воведувањето санкции за Москва е како објавување војна

Vesti +

283 санкционирани возачи во Скопје, 95 за брзо возење

Vesti +

Подгответе се: На овие места низ Македонија ќе нема струја

Vesti +