Вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, објави дека 13% од вработените во нашата земја земаат минимална плата. Со ова покачување, уделот на минималната плата во просечната плата е 62%, што е највисок просек во Европа и поголем од барањето на синдикатите во преговорите. Најголемиот процент во Европа, на удел на минималната плата во просечната, е во Франција и тој изнесува 50%.

Владата ќе ги субвенционира придонесите од разликата од покачувањето, до крајот на годината, а по дејности над 90% од оние кои ќе бидат поддржани се микро и мали компании. Ова е солидарно решение со кое им се излегува пресрет и на граѓаните и на стопанството.

На состанокот на социјалните партнери била предложена нова методологија, со која минималната плата ќе се формира половина од порастот на просечната плата и половина од процентот на индексот на живот. Со дополнителен услов, уделот на минималната во просечната плата задолжително да биде над 57% што ќе обезбедува достоинствено и одржливо покачување на стандардот на долг рок.

Да потсетиме дека професорот Трајко Славевски, функционерот на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје, а претходно министер во владите на Никола Груевски, пред да финишираат преговорите на Владата со коморите и синдикатите, пласираше став во јавноста дека стопанството нема да издржи уште едно зголемување на минималната плата. Истиот став неговата партија, а тогаш и Данела Арсовска како дел од стопанските комори, го имаа и за претходните зголемувања на минималната плата.

Инаку, Славевски постојано, во последната деценија- две, има високи примиња од државата. Имено, тој претседател на Советот на Град Скопје и покрај паушалот од 30-тина илјади што им следува на советниците, нему му се исплаќаат уште 30 отсто, што значи месечната сума му речиси 40 илјади денари. Ако се пресмета и професорската плата која изнесува 50, 60 илјади, тој стигнува до 100-тина илјади денари месечни примања. Тоа е пет до шест пати повеќе од минималната плата, со која голем дел работници преживуваат цел месец. Дали преку него ВМРО ДПМНЕ тестираше какви ќе бидат реакциите во јавноста, за да го изгради својот став во однос на зголемување на минималната плата на 18 000 денари.

Како и да е, провокацијата не беше успешна. 80 илјади работници од март ќе имаат плата од 18 000 денари затоа што преговорите на социјалните партнери на Владата завршија успешно.