Измените на законот беа предвидени за субвенционираниот студентски оброк да продолжи да важи и за оваа академска година, затоа што со претходната верзија студентскиот оброк се однесуваше на академската година 2021/2022 година, порача претседателот на СДММ, Марко Михаилоски во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.

„Субвенционираниот студентски оброк е донесен по предлог на СДММ. Владата и парламентарното мнозинство го слушаат гласот на младите, на студентите и прави се за подобрување на нивниот стандард. Ако не се измените на законот, тогаш ќе се вратевме на претходната состојба, односно немаше да има субвенциониран студентски оброк“ порача Михаилоски.

Претседателот на СДММ посочи дека Владата и пратениците преку квалитетни младински политики успеале да ја намалат младинската невработеност и подигнување на ученичкиот и студентски стандард.

Осврнувајќи се на прашањето како се бираат студентските претставници, Михаилоски порача дека за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога на студентските избори се тепаа и бркаа студенти, се крадеа гласачки кутии, сега процесот на избор на студентските лидери е демкратски и транспарентен.