Во интервјуто на Христијан Мицковски за ТВ 21 уште еднаш изрази сомнеж во македонската Влада кога таа вели дека во преговорите со Бугарија за идентитетските прашања не преговара.

На забелешките на новинарот дека Владата цврсто стои на таа позиција, Мицковски праша „дали тој тоа го има слушнато и од бугарската страна во преговорите“!

Зарем на Мицковски му треба потврда од Бугарите дека за македонскиот идентитет и јазик не се преговара. Очигледно професорот не се разбира од надворешна политика и прави штета на преговорите, давајќи и алатка на бугарската страна со која таа може да врши притисок. Зарем Мицковски заборава дека токму тоа беше едно од најважните спорни елементи кои бугарските власти во времето на Бојко Борисов и го подметнаа на Македонија во преговарачкиот процес и го ставија во преговарачката рамка. Имено напредоокот на оваа Влада на СДСМ и ДУИ е во тоа што за тоа прашање не сака да разговара. Но ете Мицковски сеуште е една лекција поназад и бара Бугарија да каже дали НИЕ преговараме за нашиот идентитет! Патем можеше да го праша тоа премиерот на Бугарија Петков кога се сретна со него.