Во интервју за Канал 5 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски за прв пат отворено застана зад личноста и делото на Ванчо Михајлов, човекот кој македонскиот народ го нарекуваше „стока“ и го призна како дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено на прашање на новинарот зошто се залага за затворање на клубот „Цар Борис трети“ во Охрид, а не и за „Ванчо Михајлов“ во Битола, Мицковски со „историски факти“ објасни дека за Цар Борис трети е познато дека бил прв човек на држава која соработувала со нацистите во Втората свестка војна, додека Ванчо Михајлов бил предводник на организација во еден историски период, со кој тој можеби не се слагал сосема, но дека е континуитетт што ВМРО-ДПМНЕ го има преземе и тоа треба да се почитува.

Останува нејасно зошто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се залага за селективен однос во примената на Законот за здруженија што самите тие како партија го донесоа во Собранието.

Исто така јавноста е збунета зошто тогаш Христијан Мицковски не се појави на отворањето на клубот „Иван Михајлов“ во Битола заедно со потпретседателката на Бугарија Јотова и целата останата свита и така можеби го стави во заблуда „кутриот“ Ламбе Алабаковски кој се обиде да го запали ден потоа.

„Цар Борис трети“ веднаш да се затвори, а „Ванчо“ не, Ванчо е наш!

Ваквото лаичко тоолкување на историјата е типично за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и е минирање на македонската дипломатија која со години наназад во македонско-бугарските односи се обидува да ја деполитизира историјата и да остави со неа да се занимаваат оние на кои тоа им е професија.

“Не мора да се сложуваме со тоа што го правеле претходниците, во историска смис зборот, кога раководеле со претходниците, па и денеска со современото ВМРО-ДПМНЕ. Ќе поминат децении од денеска, па можеби некој и од нас ќе се оградува. Не значи дека ние се сложуваме со тие (на Ванчо Михајлов) политики. Но, тоа е еден континуитет којшто ВМРО-ДПМНЕ го има преземено и тој континуитет треба да се почитува”. – изјави Мицкоски на прашањето зошто толку ревносно се залага за затворање клубот Цар Борис, а не го прави истото за клубот Ванчо Михајлов.