Христијан Мицкоски при неговата посета на Бугарија за отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ влезе во расправа со внукот на писателот во врска со неговото творештво и идентитет.

Внукот на Вапцаров му пристапи на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и му подари книга, напишана од неговите наследници, за животот и делото на Никола Вапцаров. Мицкоски, одбивајќи ја книгата, му кажа дека тој ќе донесе книга од македонската историја, напишана од Никола Вапцаров за Македонија и неговиот македонски идентитет.

„Следниот пат ви ветувам дека ќе ви дадам книга. Вие читајте ја и учете ја вашата историја, а ние ќе ја читаме и учиме нашата истрија“ му рече Мицкоски.

Со ваквите настапи, Мицкоски и опозицијата создаваат дополнителна нетрпеливост меѓу двете земји и двата народа, наспроти декларативните заложби дека се за соработка и пријателство.