Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото интервју за ТВ21 синоќа кажа дека се згрозил кога ги читал сведочењата за „Плацеви на Водно“, но истовремено повика дека жали што Груевски не е во државата.

Лидерот на опозициската партија се обиде да претстави дека ВМРО-ДПМНЕ како партија не е замешано во случајот, иако имотот на Водно, Груевски, според обвинението, го набавил токму со пари од членарините кои граѓаните ги уплаќале во партијата.

Мицкоски сега се обидува да претстави дека ВМРО-ДПМНЕ, каде што стана претседател со поддршка на Груевски, не е истата таа што 11 години владееше режимски и ги потчини граѓаните на сите начини.

Во предметот „Плацеви на Водно“, помеѓу останатите обвинети, обвинет е и Груевски дека со пари од партијата купувал луксузно земјиште за себе, а во судот сведочеше и неговиот кум Ристо Новачевски кој потврди дека сопственик на земјиштето бил токму Груевски.