Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ, во чие време цената на електричната енергија се зголеми за 100 проценти, а тогаш немаше никаква ебергетска криза.

Тој нема познавања од енергеткија и лажно обвинува дека АД ЕСМ ги оштетила граѓаните. АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци на струја на аукција, на која може да учествуваат сите заинтересирани страни и на која се избира најповолниот понудувач.

Мицкоски ги извршува фактите и лажно претставува податоци во услови на глобална енергетска криза.

Освен невистинити обвинувања и критики, јавноста од поранешниот советник за енергетика на Груевски, Христијан Мицкоски не слушна никаков предлог, никаква идеја во интерес на граѓаните и стопанството.