Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на секој митинг зборува различно, а ветувањата или ги препишува од програмата на СДСМ или кажува вицеви. Така тој намитингот во Јегуновце порача дека локалните не се обични избори, туку дека на нив се одлучува во која насока ќе се движи државата и вети нова Влада.

Со новата Влада, јас ви ветувам дека уште во првите 100 дена следи одговорност за сиот криминал, корупција, предавства, понижувања, омаловажувања и се она што се случуваше изминатите четири години“, нагласи Мицкоски.

Тој подоцна изгуби контрола што зборува па ги обвини преставниците на власта дека ѕидаат палати и возат ролс ројси како и мајбах мерцедеси.

Сите анкети досега докажуваат дека граѓаните не ги сакаат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, па очигледно нарвозата во опозициската партија расте.

И на последната анкета нарачана од „Макфакс“ во агенцијата Стратум Р&Д, покажа дека 24,9% од граѓаните би гласале за листите на СДСМ на локалните избори, а 22,8% за листите на ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката за Заев и политиките на Владата преводена од СДСМ расте од ден на ден и извесна е нивната победа на престојните локални избори.

Анкетите на релевантните Брима, ИРИ и ИФЕС потврдуваат дека граѓаните, не само што имаат најголема доверба во Заев и СДСМ, туку поддршката на политиките на Владата на Заев расте со секоја нова анкета. Тоа се гледа и од  анкетата  на НДИ.