Мерките на Владата на Република Северна Македонија за намалување на акцизата и ДДВ на горивата се најдоа во регионалните медиуми како позитивен пример за справување со светската криза.

Нова С објави сторија со наслов „Додека горивото во цел свет поскапува, цените во Северна Македонија паѓаат“ каде што ги пофалуваат мерките за намалување на цените на горивата, но и укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи.

Со намалувањето на акцизите и ДДВ на горивата цената за бензинот во земјава се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на дизелот падна за 9 денари по литар.

Со укинувањето на ДДВ на основните прехранбени производи исто така се заштитува стандардот на граѓаните преку недозволување на раст на цените на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото, месото, ориз и јајца.