Најбогатиот човек на светот и нов сопственик на Твитер, Илон Маск, денеска објави дека одобрува „амнестија“ за суспендираните сметки од популарната социјална мрежа.

Соопштението дојде откако Маск објави анкета за повторно активирање на сметките на оние кои не го прекршиле законот или не ширеле одвратен спам. Имајќи предвид дека 72 отсто од испитаниците гласале „за“, Маск одлучил да даде „амнестија“.