Лидерската средба беше успешна, драго ни е што ВМРО-ДПМНЕ ги помести позицииите и сега може да разговараме како да ги изведиме уствните измени, изјави секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер Бојан Маричиќ за Канал 5, пред состанокот на Централниот одбор на СДСМ.

-Лидерската средба донесе неколку битни точки, најважното е што ниту една партија не е против уставните измени, различни се само условите. Ние сме подготвени оние услови кои се реални, изводливи и не излегуваат од преговарачката рамка да ги реализираме, рече Маричиќ.

СДСМ ќе биде проактивна во целиот процес, додаде тој.

-Ќе предложиме формирање на работна група од нашата партија што ќе добие овластување да работи на понатамошните разговори и итно да го контактираат ВМРО-ДПМНЕ за да продолжат разговорите. Тој тим ќе контактира и со коалиционите партнери, со други политички партии, се со цел што поскоро да влеземе во процедурата во Собранието. рече Бојан Маричиќ за Канал 5 телевизија.