„При дискусијата за минатогодишниот извештај на Европската комисија ме изненади дека во сите кластери за преговарање сме или поуспешни или на еднакво ниво со Србија и Црна Гора кои веќе 10 години преговараат со Европската Унија“ рече вицепремиерот за европски прашња, Бојан Маричиќ за Македонско радио.

Тој додаде дека доколку ги започнеме преговорите сега, ќе може побрзо да напредуваме и побрзо да отвораме и затвораме поглавја бидејќи имаме добра стартна позиција.

„Тоа не значи дека се ни е решено, но не почнуваме од нула. Токму тоа е и задачата на Секретаријатот за европски прашања, да ги следи, поттикнува и забрзува реформите“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот потенцираше дека веќе се работи и на подготовка на преговарачките тимови со ЕУ, со надеж дека што поскоро ќе ги започнеме преговорите.