Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА ТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап до правдата се наш стратешки приоритет

Министерот за правда Бојан Маричиќ на настанот „Темелните права во 2020 година: Рефлексии и поглед напред“ кажа дека Владата демонстрирала посветеност за заштитата на човековите права преку донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Во поглед на поголема заштита и унапредување на човековите права, министерот се осврна и на ратификацијата на Истанбулската конвенција, но порача дека реформите во областа владеење на правото се суштински за зголемување на правната сигурност на граѓаните и зголемување на довербата во правосудството.

Маричиќ: Владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап до правдата се наш стратешки приоритет. Почитување на човековите права и слободи не може да постои без квалитетни и сеопфатни реформи во судството и правосудниот систем и заштита на фундаменталните права. Поради тоа нужно е функционирањето на независно, непристрасно и непартизирано судство кое ќе може да гарантира соодветна заштита на човековите права утврдени со Уставот, меѓународните ратификувани документи и домашните закони.

Северна Македонија веќе втора година како земја посматрач во Агенцијата за фундаментални права е опфатена со овој извештај, а во овогодишниот извештај фокусот е на влијанието на Ковид-19 врз темелните права.

Можеби ќе ве интересира...

Алиу: промовирана дигитална платформа за обука и професионален развој на наставници од средните стручни училишта

В+

54 санкции за возење под дејство на алкохол

Vesti +

Почина познат штипски хирург од коронавирус, 9-та жртва меѓу здравствените работници

В+

Вакцинирај се и освој автомобил: Наградна игра во Москва за сите што ќе се вакцинираат против коронавирус

Vesti +

Узуновски: Горан Герасимовски ќе се посвети на тоа што беше занемарено во Центар

В+

Заврши владината седница – донесени важни одлуки околу ситуацијата со коронавирусот

В+