„Без да навлегувам во детали околу анализите и економските ефекти на украинската криза, Владата интензивно веќе некое време се подготвува и прави планови и сценарија за ублажување на ефектите за македонските граѓани“ изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека кризата се гледаше подолго време и дека македонските институции се подготвени.

„Ние ја анализираме ситуацијата подолго време, а како членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ, во соработка со партнерите исто така правиме планови за да нема посериозни последици за нормалниот живот на граѓаните во Северна Македонија“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека земјата треба на секој можен и расположлив начин да истакне поддршка за Украина и ја осуди руската агресија како недозволива.