„Владата не е поделена ниту партиски, ниту етнички, сите функционираме како тим. Сите коалициони партнери се задоволни од досегашната соработка и даваат јасна поддршка на Владата до крајот на мандатот“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој објасни дека поделбата на реосорите е направена уште во 2020 година, кога е договорен и концептот.

„Секој има свој дел од одговорноста и обврски да се залга. И во претходните состави, но особено сега, целата Влада функционира како еден тим, без разлика на партиската припадност“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот изјави дека Владата не размислува за предвремени избори и дека ги отфрла барањата на опозицијата кои поради неуспешниот обид за обезбедување мнозинство во Собранието и неуспешноста на градоначалниците единствно што може е да притискаат за предвремени парламентарни избори.