Фејсбук статус на вицепремиерот Бојан Маричиќ:

Работниот ден го започнав со онлајн состанок со секторската работна група за здравство.

Важно е ефикасно и квалитетно да ги испланираме проектите поддржани од Европската Унија, пред се заради унапредување на здравствениот систем и подобри здравствени услуги за граѓаните, но и за реформите поврзани со евроинтеграцискиот процес.

Останувам фокусиран на максимално искористување на ЕУ програмите и фондовите и програмирање според приоритети и потребите во областа здравство, за поголеми придобивки за граѓаните.

Дискутиравме со министерот за здравство Беким Сали за идните приоритети на Министерството за здравство и како најдобро да ги користиме расположливите финанскиски средства и билатералните соработки за градење одржлив здравствен систем кој првенствено ја има грижата за здравјето на граѓаните. Во таа насока е и вчерашната донација на медицинска опрема за третман на пост Ковид пациенти, во рамки на Јапонската грант програма за економски и социјален развој, во вредност од 813.000 евра.