„Она што е особено важно е констатацијата на Европската Комисија дека процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност. За нас овој процес мора да биде инклузивен и транспарентен, а со вклучувањето на граѓанскиот сектор и експертите во преговарачкиот процес, заедно со европските фондови кои ни се на располагање, гледаме нова можност за повеќе реформи и побрзи реформи.“- истакна Бојан МАричиќ, вицепремиер за евроинтеграции.

„Секако, дека ова е важен поттик не само за Владата туку и за администрацијата, а верувам и за целото општество да продолжиме со уште поголема посветеност и динамика во споредување на реформите. И Комесарот Вархеји во своето излагање нагласи дека „Северна Македонија треба да го искористи овој моментум и да го покаже целиот свој потенцијал преку забрзување на реформите“.- додаде тој.