„Наша примарна цел е да имаме документ каде јасно ќе се исцртаат обврските, колки и кои да бидат, кои се прифатливи за нас. Целта на нашето инсистирање е да нема нови барања од Бугарија, во моментот кога сегашните барања ќе се исполнат“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека историската комисија е структура која треба долгорочно да работа и која покажа дека може да приозведе резултати кои се корисни и за односите меѓу двете земји.

„За промената на Уставот, јасно кажавме дека содржински немаме проблем било која заедница да е вградена во Уставот, но сметаме дека пред почетокот на преговорите со ЕУ тоа не е ни корисно, а ни возможно. Не сметаме дека менувањето на Уставот треба да е предуслов за почеток на преговорите, бидејќи за тоа ни треба повеќе време и градење доверба“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот изјави дека ставот на Владата остнува дека тој процес треба да се заврши до нашето членство во Европската Унија.