„На дело се гледа придобивката од Договорот од Преспа. Грција од 2019 лобира за нас. Ако ги следиме дискусиите во Брисел, тие посојано ја промовираат нашата евроинтеграција и притискаат да почнеме преговори“ кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Здраво Македонијо“ на Канал 5.

Тој додаде дека токму и тоа е суштината на договорот и дека очекува истото да го прави и Бугарија откако ќе ги затвориме отворените прашања и ќе продолжиме како пријатели.

„Имаме зголемена трговија со Грција, повеќе патувања и поголема соработка. Мислам дека најдобро е преку конкретни чекори да согледаме која е придобивката од затворањето на отворените прашања со соседите“ кажа Маричиќ.

Тој додаде дека сите останати алтернативи, освен ЕУ, се полоши за државата и дека евроинтеграциите се стратешка цел на земјата уште од нејзиното формирање.