„Во моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ фокусот треба да ни биде како да ги искористиме можностите што ги нуди Унијата за да се трансформираме на правилен начин“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека ЕУ нуди сериозен фонд на средства за поддршка на реформите, кои треба да покажат промена на терен.

„Реформите ние не ги правиме ради ЕУ, туку поради нас. Ние не сакаме нашите луѓе да се селат во државите членки на Унијата за да имаат европски начин на живот. Наша цел е тука да се живее на ист начин“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот изјави дека не може да очекуваме дека тоа ќе се случи со одлука, туку со реформи и работа дома.