Фејсбук статус на вицепремиерот Бојан Маричиќ:

ЕУ за одржливо управување со органски отпад, бидејќи е важно прашањето за заштита на животната средина и е една од најсложените области во однос на усогласување со регулативите на Европската Унија.

📌 Проектот Симбиозис отвори нова страница во управувањето со органскиот отпад во општина Битола, за која отпадот денес е ресурс, бидејќи започна со селективно собирање на органскиот отпад кој нема да го „фрла“ туку ќе го преработува, и од него ќе добие компост кој ќе го користи како ѓубриво во своите расадници и на јавните зелени површини, со поддршка од европските ИПА програми.

📌 Следејќи го концептот Индустриска симбиоза, Симбиозис (2018-2020), не е само придобивка во заштитата на животната средина, туку дава и конкретни социјални придобивки за локалните заедници преку подобро искористување на био ресурсите од прехрамбената индустрија во корист на општествените активности и создавањето нови работни места, како и подобрување на соработката помеѓу секторите и бизнисите во прекуграничната област, а со тоа да се подобрат локалните економии и да се поттикне претприемништвото;

☑ “Симбиотски мрежи за одржливо управување со органскиот отпад-Симбиоза“, е поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка “Грција – Поранешна Југословенска Република Македонија 2014-2020”, кофинансиран од националните фондови преку Министерството за Локална самоуправа, во вредност од 898.858,33 € 💶, а водечки партнер е ЈП КОМУНАЛЕЦ Битола.

♻ Унијата не поддржува да ги постигнеме своите еколошки цели и постепено да ги подига на ниво на стандардите на ЕУ.

📌 Вкупниот буџет на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 изнесува 45.470.066 евра 💶 ЕУ и национално финансирање, а скоро половината, 22.735.032 евра 💶 се искористени во проекти од втората приоритетна оска – Заштита на животната средина-транспорт.

🟢 Нашиот ангажман, кога станува збор за постигнување на целите од Европскиот зелен договор, е клучен за процесот на европска интеграција и ќе придонесе за поефикасно користење на ресурсите.

✅ Целта ни е транзиција кон чиста, кружна економија и мерките за запирање на климатските промени, истовремено обновување на биолошката разновидност и намалување на загадувањето, ќе ја поддржат економијата и ќе отворат нови работни места.