Чист воздух, хумани услови за живот, добра инфраструктура, водовод, канализација, култура, спорт, тоа е тоа во што инвестираме и тоа е тоа што не прави различни од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот популизам, порача вечерва од Аеродром секратарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ.

Денес беше најавена и најголемата инвестиција во историјата на земјата. 500 милиони евра германски пари за нови 69 ветерници. 500 милиони за чиста зелена енергија. Ве молам само за момент размислете и запрашајте се, што се можеше да се направи во Скопје со над 600 милиони евра кои беа потрошени за Скопје 2014? …Со 600 милиони се решаваат без малку сите проблеми на Скопје и неговите општини. Па само „Бас рапид транзит системот“ кој сега ќе почне да се гради благодарејќи на упорноста и визијата на Петре Шилегов и Владата чини 80 милиони евра, а со него се прави целосна урбана трансформација на градот.“ посочи Маричиќ.

Маричиќ од граѓаните побара поддршка за Александар Филиповски и Александар Трајановски, као и за Петре Шилегов и Софија Пејкова за Град Скопје.

„Ви ветувам дека нашите градоначалници и нашите советници ќе работат за вас. Тие ќе бидат тука вам да ви служат. Ние имаме коалиција со вас, со граѓаните и се обврзуваме дека нашите градоначалници деноноќно ќе работат за решање на вашите проблеми. Затоа драги пријатели, во недела сите заедно, сите обединети, сите со јасна цел и визија гласаме за најдоброто. Гласаме за број 12! Гласаме за Цанде, идниот градоначалник на Аеродром, гласаме за нашите советници, гласаме за СДСМ и коалицијата, гласаме за модерен и европски Аеродром!“ повика Маричиќ.