„Уставот не обврзува да не се мешаме во судството и поделбата на власта. Ние работиме на подобрување на независноста на судството и судиите и обвинителите може да потврдат дека ќе имаат значително покачување на буџетот, како и 15 отсто покачување на платите во целиот сектор“ кажа министерот за правда Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека сите меѓународни извештаи досега даваат критика дека нема доволно ресурси за независно судство и додаде дека обезбедувањето на ресурсите е за тие да функционираат како што треба.

„Ние не се мешаме во содржинската работа, но не интересира ефикасноста, одговорноста и отчетноста на правосудството, бидејќи на крај штетата од лошите одлуки оди на сметка на тие што излегуваат на избори“ кажа Маричиќ.

Тој додаде дека со неговото јавно прозивање за објаснување на одлуката за ослободување од притвор на Сашо Мијалков, само сакал да ги повика судската и обвинителската фела на отчетност пред јавноста и ништо повеќе.