Изборниот законик е комплициран и секогаш се носел со концензус, а во моментот постои само предлог кој епотпишан од координатори од четирите најголеми партии  кој верувам дека по одморите ќе биде изгласан, а дотогаш  веројатно ќе има промени, рече Бојан Маричиќ министерот за правда во костувањето на Канал5.
 
-Идејата е да се имплементираат сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР, а овојпат транспарентноста одеше дотаму што Предлогот на Министерството за правда најинклузивно иако не е обврска беше консултиран и со малите партии без право на потпис  бидејќи секој има право да изнесе став. Сметам дека институциите треба да почекаат да се изгласа финаланата верзија, а потоа да имаат постапки, рече тој
 
Според него не е добра праксата двајца пратеници на Левица да го блокираат целото Собрание особено за изборниот законик кој е потребен за спроведување на локалните избори.
 
-Тоа е на штета на процеост, консултациите траат неколку месеци, кога ќе има законски текст ќе биде предложен до Собранието а потоа може и да реагираат институциите доколку не е во согласност со сите препораки. За овој закон праксата е политичките партии кои имаат претставници во изборната комисија да о поднесат до Собранието, ретко се случувало Владата да поднесува закон кој се однесува на изборите иако би било легитимно да има европско знаменце но според мене подемократска постапка е да биде донесен од пратениците, а во интерес е на граѓаните и изборниот процес за да имаме избори на есен, рече Маричиќ.