Ние кога го претставувавме францускиот предлог и кога тврдевме дека нашиот јазик и нашиот идентитет на ниту еден начин не е допрен од овој предлог, јас бев присутен во Собранието кога ВМРО – ДПМНЕ три дена не малтретираше со 50 вувузели свирејќи на секој говор од мнозинството. Плус го кинеа францускиот предлог, го палеа во Собранието пред нас заради тоа што ќе не бугаризирал и ќе ни го одземел правото на македонски јазик, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во емисијата „Студио 10 на тв 24“.

-Мораме јавноста да ја потсетиме. Јас знам дека лагите на ВМРО – ДПМНЕ трае три дена, меѓутоа на ова прашање кое екстремно важно за сите и кое што ВМРО – ДПМНЕ се обидуваше да ги крене емоциите на граѓаните, се сеќавате имавме насилни протести, имавме повредени луѓе, уапсени луѓе кои ќе сносат последицте oдговорно заради тие постапки. Затоа за јавноста е добро да се обајсни затоа што утре повторно може да се најдеме во таа ситуација, да ни тврдат од ВМРО – ДПМНЕ и од Левица како една кохезивна коалиција по ова прашање да ни тврдат дека повторно ние сме загорзени и дека повторно нашиот идентитет и нашиот јазик не се гарантирани, додаде тој.

Тој појасни дека сето ова се потенцира за да се превенира идна пропаганда и идни лажни вести кои што ќе ја доведат јавноста во заблуда а кај граѓаните ќе внесат немир дека нешто ни е загрозено или одземено.

-Нашата цел беше да го потпишеме Фронтекс на македонски јазик. Таа цел ја исполнивме. Нашиот јазик е етаблиран и веќе во употреба во ЕУ и ако се уште не сме членки, ќе станеме еден од јазиците на ЕУ, како што кажа претседателката Фон дер Лајен, рече Маричиќ.

Според него целта не била да се смени мислењето на бугарските политичари, туку да го зацврстиме нашиот јазик и идентитет во употребата на ЕУ.

-Четири години ние не можевме да го потпишеме договорот Фронтекс поради тоа. Затоа што Бугарија изразуваше резерва за формулацијата – македонски јазик и бараше формулација – македонски јазик согласно уставот. Ние таа формулација не ја прифативме како општа за ЕУ. Таа ја прифаќаме само како билатерална за со Бугарија и тоа сме го прифатиле уште 1999 година. Наша цел беше бугарскиот став да не стане европски. Ставот за јазикот согласно уставот да биде само бугарски став и во билатерална употреба а за ЕУ во документите односно во договорот Фронтекс … да никој нема резерви за јазикот вклучувајќи ја и Бугарија во договорот Фронтекс, додаде тој.