„Мислам дека ние имаме добро досие за случаи на висока корупација, како функционери од актелната власт кои се соочуваат со судски процеси, така и на функционери од минати власти во голема мерка“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за Канал 5.

Тој додаде дека тоа секако не е доволно и дека може подобро, поради што се работи на зајакнување на капацитетите на ДКСК и останатите институции.

„Треба да дојдеме до состојба каде борбата против корупцијата и организираниот криминал ќе бидат стандард и нема да се поставува прашањето дали тоа се случува или не“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека државата има Национална стратегија за борба против корупцијата, која се следи и е изработена од ДКСК во соработка со Владата и сите други чинители.