Фејсбук статус на вицепремиерот Бојан Маричиќ:

Имав чест да посакам добредојде на големите пријатели на Северна Македонија, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Политичка поддршка која државите од Западен Балкан ја имаме треба да ја искористиме и да ги загарантираме стабилноста, мирот и европската перспектива на регионот.
На утрешната седница на Советот за стабилизација и асоцијација ќе имаме можност да разговараме за статусот на реформите, напредокот во евроинтеграциите и за билатералните односи во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Им посакувам успешен престој и со убави вести за регионот да заминат од нашата држава, која е пример за надминување на спорови по мирен и дипломатски пат.