„Димитар Апасиев и Левица знаеме дека се проруска и антизападна структура. Тие имаат направено се против интересите на државата во делот на стратешките интереси и меѓународното позиционирање“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој доадде дека не е изненаден што од редовите на Левица доаѓаат охрабрувачки пораки за Путин и неговата агресија кон Украина, како и споредби на ситуацијата во Украина со Косово и Србија.

„За нас е важно да го гледаме нашиот интерес. Нема потреба да зеземаме поинакви позиции од нашиот интерес. Ние Косово го признавме уште во 2008 година и сите чекори на земајта се во таа насока“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека сега за нас треба да биде тема како да ги оствариме нашите интереси како НАТО членка, да ја заштитиме безбедноста и сигурноста на граѓаните, како и да го подобриме квалитетот на живот.