„Ние отсекогаш сме било за дипломатско решение, разговори и против војна. Затоа застануваме со Украина сметајќи дека оваа воена агресија на Русија ќе донесе несреќа, жртви и нестабилност во Европа“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за Македонското радио.

Тој додаде дека Северна Македонија како членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, во координација со сојузниците застана на страната на Украина и понуди помош.

„Ќе помогнеме со нашите можности и капацитети. Нам ни е важен нашиот интерес да опстои безбедноста, сигурноста и стабилноста на Европа и нашиот регион“ изјави Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека оваа ситуација ќе има импликации врз ресурсите во Европа, но потенцираше дека државните резерви во земјава се во добра состојба.