„Ја поддржуваме поддржуваме вашата одлука да се приклучите кон ЕУ и ве повикуваме да ги преземете потребните чекори за да го овозможите ова проширување. Знам дека беше долг патот кон ЕУ, знам дека многумина поставуваат легитимни прашања за тоа дали ЕУ е вистинската можност. Тука сум за да ви кажам дека е“ изјави американскиот сентарор Крис Марфи по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека и за членството на земајва во НАТО имаше такви сомнежи, дека никогаш нема да добиеме покана, но по преземањето на потребните, тешки чекори денес Северна Македонија е членка на НАТО Алијансата.

„Има слични чекори кои треба да бидат преземени со цел да се приклучите кон ЕУ, но има и нова можност за ЕУ членство. Војната во Украина е криза, но ја разбуди ЕУ, ја освести за потребата да ги остави вратите отворени. Украина не може да влезе во ЕУ ако не влезат и земјите од Балканот и затоа ова е нова реална можност за проширување, а Северна Македонија не треба да ја пропушти оваа прилика“ рече Марфи.

Тој додаде дека уставните измени се јасна можност за Северна Македонија да може да се приклучи кон ЕУ.

„Сакам да бидам јасен и за влијанието што тоа ќе го има врз односите со САД ако Северна Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против овие уставни измени, тогаш ќе се тргнеме од патот од ЕУ, а ќе биде и многу загрижувачки чекор за членките на НАТО. Оние кои сакаме да ги браниме врз основа на нашите вредности“ предупреди Марфи.

Тој додаде дека треба да се направи избор и да се искористи моментот за обединување на демократиите во Европа, да ги донесат тешките одлуки и да возвратат на агресијата на Русија.