Полицијата известува дека синоќа во 17.50 часот во Полициско одделение Сарај С.С.(57) од с.Радуша, скопско, пријавил дека на 25.01.2023 околу 19.45 часот, додека неговиот малолетен син се возел во автобус во селото Кондово, скопско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од две лица.

Полицијата вели дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.