Како што соопшти полицијата синоќа во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано лице (49) од Скопје удрило во малолетничка од Гевгелија, информира МВР.

Од полицијата потенцираат дека во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и додаваат дека е извршен бил увид од увидна екипа од полицијата.