Претстојната зимска сезона ќе биде доста поинаква од минатата зима, покажува сезонската прогноза која ја објави светскиот метеоролошки сервис AccuWeather.

Иако е неизвесно како пандемијата ќе се развива во наредните месеци, барем низ прогнозата на тимот метеоролози на AccuWeather е појасно какво ќе е времето во Европа наредните месеци.

На преминот од есен кон зима се предвидува дека бурата ќе се поместува кон југот на Европа, каде ќе се движи кон Средоземното море.

„Мислам дека во споредба со она што го имаше минатата година во Шпанија, Португалија и јужба Франција ќе биде побурно“, рекол метеорологот Алан Репорт кој предивудва дека бурата ќе загрози животи и имоти во цел јужен регион на Европа.

Некои од поголемите европски градови кои оваа зима очекуваат бурни временски услови се Лисабон, Мадрид, Барселона, Ница, Рим, Атина и Букурешт.

AccuWeather наведува дека врнежливото и бурно време може да се помести кон Балканот, што подразбира зголемен ризик од поплави, посебно за западен Балакн и во северна Италија.

Од друга страна, се прогнозираат оркански бури во Хрватска и на истокот од Италија.

И покрај најавите за бура на југот од Европа, тоа не значи добри вести за љубителите на снег во овој регион.

Снегот во поедини делови од Европа треба да почне да паѓа во декември, но дури во јануари и февруари ќе има поголема количина снежна прекривка. Иако веќе почнаа да се отвораат поголем број на европски скијалишта, метеоролозите на AccuWeather предвидуваат дека повеќето од нив ги очекуваат лоши услови поради недостигот на снег.